Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 13 до 17 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе во јужните делови од земјава и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 11 до 17 степени. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.