Облачно време со повремени врнежи од дожд

Облачно време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во Македонија. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а ќе дува и умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во среда се очекува на повеќе места врнежите од дожд да бидат пообилни, а на некои повисоки планини можно е попладне да поминуваат во врнежи од снег.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.