Облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе започнат најпрвo во западните и јужните делови, а во вечерните часови ќе се прошират и во останатите делови. Врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во јужните подрачја. Ќе дува умeрен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, претпладне со слаба магла, а попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 часови.

Врнежи од дожд се уште ќе има и во сабота претпладне, особено во јужните делови, додека во текот на денот ќе настапи постепено разведрување.

Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурите ќе бидат без поголеми промени.