Облачно време со сончеви периоди и температура до 10 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

Во утринските часови температурата ќе биде од минус три до пет степени, а во текот на денот ќе се движи од три до десет степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до осмиот степен.