Македонија

Облачно време со температура до 12 степени

Облачно време со температура до 12 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од седум до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со појава на магла. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има утре. Од недела се очекуваат нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни на почетокот на наредната седмица.