Облачно време со услови за дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Преку денот ќе има услови за проврнување на дожд и снег на пониските и на повисоките места, а на планините врнежите претежно ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од два до седум степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за провејување слаб дожд и снег, особено во вечерните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.