Облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во претпладневните часови на места врнежите се уште ќе бидат пообилни, а попладне ќе ослабат.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во недела времето ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, но со слаб до умерен интензитет. Од понеделник се очекува постепено опаѓање на температурата.