Македонија

Облачното и магливо време продолжува и понатаму

Облачното и магливо време продолжува и понатаму

Во деновите од викендот и на почетокот на следната недела ќе се задржи слично време, најавуваат метеорозите.

Во текот на средината на следната недела можни се повремени врнежи од дожд.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно време со малку сонце и температура од три степени во Тетово до 13 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до шестиот степен.

Во недела температурите ќе се движат од четири до 11 степени.