Облаци и магла и во следните денови

И во следните денови по котлините ќе се задржи облачно и магливо време, најавуваат метеоролозите.

Во недела, како што наведуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има услови за локален дожд.

За утре метеоролозите најавуваат стабилно време со температура од четири степени во Тетово, до 15 степени во Берово и Гевгелија.

За претстојниот викенд се очекува слично време со температура до 12-от односно 13-от степен.