Облачно и магливо време со температура до 13-от степен

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец.

Во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност која ќе се задржи и претпладне.  Попладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Утринските температури ќе се движат од минус пет до три степени, а дневните ќе се движат од пет до 13 степени.

Во текот на вечерта се очекува зголемување на маглата.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до шестиот степен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.