Облачно и посвежо време

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка. Преку денот ќе дува  умерен повремено засилен северен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и на планинските места.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и доста посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до девет степени.