Облачно и посвежо време

Променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди не очекува денес во земјава.

Ќе дува слаб, а во северните делови умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 17 до 31 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 26 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Врнежи од дожд се очекуваат во четврток кон петок.