Облачно и студено време со засилен северен ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер, особено повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

За време на викендот утринската температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.