среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 30

Облачно, посвежо и повремен дожд

Ќе има и ретка појава на грмежи, претежно на југозападот на земјата. Ќе дува повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

cador

Поврзани вести

Времето во понеделник во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните, и источните делови.

Ќе има и ретка појава на грмежи, претежно на југозападот на земјата. Ќе дува повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Минималните температури ќе се движат од од 4 до 11 Целзиусови степени, а максималните од 10  до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 15 степени.

Од вторник ќе дува јужен ветер со краткотрајно покачување на температурите, а потоа од ноќта кон четврток нов и значително постуден бран ќе донесе нови врнежи, силен ветер и повремен снег на високите планини претежно во северните делови.

Најчитани вести