Облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет

Времето во петокот во земјатата ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужните делово од земјата од дожд, а во северната од снег.

Повеќе врнежи ќе има во попладневните часови и речиси насекаде ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни темпретатури и натаму ќе бидат во значително опаѓање во споредба со минатата седмица и ќе се движат од минус 1 Целзиусов степен во западните предели, околу 5 во југозападните и централните, до плус 8 степени во јужните делови од земјата. Во Скопје и околината, како и во североисточните региони, се очекува максималната температура да достигне до 3 степен.

Во сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нулата. Постепено затоплување со повремени врнежи од дожд ќе има од недела попладне.