Македонија

Облачно со температура до 22 степени

Облачно со температура до 22 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, повеќе застапени во источните делови.

Во западните ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринска температура од 7 до 16 Целзијусови степени, дневна од 17 до 22 Целзијусови степени.

Во Скопје променливо облачно со кратки сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утринска температура 14, дневна до 19 Целзијусови степени.