Облачно со температура до 16 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Повеќе врнежи се очекуваат претпладне и кон крајот на денот во западните делови од земјава. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе се движи од седум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе достигне до 15 степени.

Во сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Од недела следува период на стабилно, суво и потопло време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.