Македонија

Облачно време со локален дожд

Облачно време со локален дожд

Облачно време со врнежи од локален дожд не очекува денес. Во претпладневните часови, како што најавува УХМР, ќе има врнежи од локален дожд, но со послаб интензитет.

Врнежите од дожд повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од девет до 13 степени.

Во Скопје услови за слаб дожд

Во Скопје изутрината ќе има услови за слаб дожд, а преку денот врнежите ќе престанат. Ќе има и сончеви периоди, а ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Од утре период на стабилно и суво време

Од сабота следува период на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а преку денот ќе има затоплување, односно температурата на воздухот ќе биде во благ пораст.