Облачно време со максимална температура до 5 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер кој во наредните два дена ќе придонесе да нема појава на магла по котлините.

Во вечерните часови, особено во западните делови повремено ќе има провејување на снег.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје претежно облачно време со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе се искачи до пет степени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.