Променливо облачно време, претпладне со врнежи од дожд и снег

Променливо облачно и посвежо време не очекува во текот на денешниот ден. Како што најавува УХМР, во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, а во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од два до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо

Во Скопје променливо облачно и посвежо
Во Скопје променливо облачно и посвежо

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер. Температурата ќе достигне до шест степени.

Во наредните денови стабилно и релативно топло време

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.