Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Во текот на денешниот ден не очекува облачно време со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде.

На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови особено кон крајот на денот можно е да паднат и до 20 л/м2 воден талог. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч., што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег
Облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Утре се очекува времето да биде променливо облачно, ветровито и студено. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од еден до осум степени.

За време на викендот се очекува стабилно и посвежо време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.