Општина Аеродром се приклучува кон одбележувањето на светскиот ден за борба против насилство врз жените, 25 Ноември, бидејќи секое развивање на свесноста за одреден проблем е првиот чекор кон негово искоренување.
Обединетите нации овие 16 дена ги одбележуваат со портокалова боја, а мотото на кампањата за оваа година е „Обој го светот во портокалово за 16 дена“ („Orange the World in 16 Days“).
Она што во денешно време навистина загрижува е фактот дека дури 70 проценти од жените низ светот биле жртви на некаков вид на насилство во текот на својот живот.
Светската здравствена организација истакнува дека насилството врз жените има долгорочни последици врз нивното психичко и физичко здравје. Жените кои живеат со насилен партнер почесто страдаат од депресија, прекумерно консумираат алкохол, почесто се соочуваат со несакана бременост и абортус, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.
За жал, случаи на семејно насилство и насилство врз жените е присутно и во нашата земја.