петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Обнова на четири објекти од староградска архитектура во Охрид

Во Охрид се во тек активности за обнова на четири објекти од староградската архитектура, во рамки на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади во старите градски јадра, кој се реализира од 2012 до 2017 година.

133132738

Последни вести

Како што информира Министерството, се работи за објекти кои комплетно сведочат за оригиналноста, препознатливоста и специфичноста за охридскиот стил на градба. Надлежна институција за обновата е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

– Во Старото градско јадро на Охрид, Заводот ги реализира проектите за: статичко зајакнување и конзервација на куќата од старото охридско семејство Котушеви; конзерваторско-реставраторски работи на фасади на два објекта лоцирани на репрезентативната улица „Самуилова“, и тоа – куќата на семејството Маринови и куќата на семејството на Драги Рауник, како и статичко зајакнување и конзервација на куќата на Димзови. Сите објекти ќе бидат завршени до крајот на годинава со што ќе бидат зачувани автентични примероци на охридската староградска архитектура, објекти кои се карактеристичен пример за конструкциите и облиците на традиционалните градби и урбанистичките концепции на крајот од 18 век, информира Министерството за култура.

Минатата година стручните екипи на Заводот и музеј Охрид ги завршија реставраторските активности на три други објекти: куќата на семејството Ѓурчинови лоцирана на кеј „Маршал Тито“ бр. 3; Магазата, која се наоѓа на источната страна од чаршијата, во непосредна близина на чинарот во Охрид, и објектот познат како Радио Охрид, на ул. „Св. Климент Охридски“.

Најчитани вести