Обновен патот кон селото Пиперово во Штип

Општина Штип ги обнови уништените делници на локалниот пат кон село Пиперово. Во пресрет на славата која се прави во ова село на крајот на август, локалната самоуправа презеде обврски за уредување на патот. Како што напомена градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, паралелно со дузина проекти во градот,вклучително и асфалтирање на улици, се настојува да се оддржи темпото и да се инвестира во околината на Штип. По неколкуте асфалтирања на сообраќајници до повеќе села, се реконструираат и оштетeни патишта, пренесува „1.мк“.

Среден е просторот од двете страни на патот, кој заради густата вегетација правеше проблеми и го стеснуваше истиот, на неколку места направени се паркинг позиции за да застануваат возила близу локалната црква а на две делници во должина од неколку стотина метри, поставен е нов тампон и нов слој на асфалт. Со оваа минимална инвестиција уреден е уште еден од локалните патишта кон рурални средини во Штип. Политиката на актуелната локална власт е освен во градот, да се инвестира и во околните села и рурални средини.