Обновени преговорите за прекин на огнот во Украина

Лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија, Владимир Путин, Петро Порошенко, Франсоа Оланд и Ангела Меркел ги обновија во Минск преговорите за решавање на украинскиот конфликт.

Од денеска на состанокот присустува и специјалниот пратеник на претседавачот на ОБСЕ во Контакт групата за Украина, Хајди Талјавини.

Новата средба се одржува во истата сала во која се одржа првиот круг од преговорите на „нормандската четворка“.

Претходно Оланд и Меркел имаа одделни средби со Путин и Порошенко.

фото: ЕПА