Обновување на старите вевчански куќи

Се обновуваат старите вевчански куќи. Изминативе години се ревитализираа пет стари куќи во Вевчани кои го отсликуваат минатото на овој крај познат по богатата и долга традиција на печалбарство, објави Канал 5.

Куќите како  споменично заштитено богатство ја отсликуваат прекрасната градска архитектура и се вистинска атракција за туристите и за уметниците.

Ги интересира старата градба и самите уметници ги интересира старата градба и туристите, а посебно странците шетаат по тие улици и ги бараат тие стари автентични куќи, вели Цветомир Угриноски градоначалник на Вевчани.

Во Вевчани се реновираа и десетина локални улици. При изградбата особена грижа се водеше да се зачува автентичноста.

Најатрактивни се улиците кои се изработуваат од камени плочи според автентичноста на старите куќи кои се наоѓаат во нив. Тие се објекти пред сто и кусур години градени со убава градба Луѓето наши стари печалбари ги носеле тие идеи од европските држави, додава Угриноски.

Годинава ќе се уредува центарот на Вевчани, градскиот плоштад и кејот на Вевчанската река. Плоштадот ќе се гради на две нивоа и тоа само од  природен материјал дрво и камен.