Обрадовиќ продолжува со Фенербахче

Најтрофејниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ потпиша нов двегодишен договор со екипата на Фенербахче, објавија од клубот.

Стратегот е еден од најзаслужните за пласманот на завршниот фајналфор-турнир во кошаркарската Евролига. Тимот на Фенербахче настапи на големиот настан за прв пат во историјата и заврши на четвртото место во конкуренција на Реал Мадрид, Олимпијакос и ЦСКА Москва.

Српскиот тренер во редовите на Фенербахче работи од 2013 година и досега ги освои трофеите во турскиот шампионат и Суперкупот. Претходно, тој 13 години беше тренер на Панатинаикос, а работеше и во Бенетон, Реал Мадрид, Хувентуд и Партизан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.