Образовни реформи во Финска: Учениците ќе учат за тоа што ќе им треба во животот

Финска, која со години служи како пример за земја со успешен образовен систем, сега подготвува уште една новост за учениците. Според најновата програма, ќе се исфрлат некои предмети и ќе се заменат со други, кои на учениците ќе им користат во „реалниот живот“, пишува independent.co.uk.

Тоа во пракса значи дека некои предмети во кои детално се изучува историја или географија ќе се заменат со предмети кои ги интересираат учениците,  а се однесуваат на конкретна работа во реална животна ситуација.

На пример, ако учениот одбере да изучува предмет за угостителство, тој ќе учи математика која ќе му треба во водење на финансиите и сметките, странски јазик за да биде поконкурентен при вработување, но ќе вежба и комуникациски вештини за таква работа.

„Младите денеска знаат многу да ги користат предностите на компјутерите, што порано била предност само за одреден број на луе, но условите се сменија. Затоа целиот образовен систем мора да го прилагодиме на модерното општество и современите потреби на индустријата и пазарот на трудот“ истакнал Паси Силандер, менаџер заслужен за развој на финската метропола.

Saunalahti school
Децата треба да се подготват за 21. век

Некои од промените се веќе воведени, па така 16-годишните ученици, наместо утринскиот час по историја и поплладневниот час по географија, имаат т.н. изучување на „феномени“, односно современи и релевантни теми од кои учениците би имале корист доколку ги знаат.

Водачите на реформите нагласуваат дека е важно децата да се подготват за потребите на 21 век, бидејќи традиционалниот и застарен школски систем не ги подготвува младите за иднината.

Сепак, за успешно спроведување на реформите потребно е многу работа, а тие веќе наидуваат и на критики. Некои учители, не можат да предаваат одредено подрачје и не можат толку брзо да се прилагодат на новиот пристап во наставата. Околу 70 отсто од наставниците, се’ уште не се обучени за „новата настава“.

finland-classroom

 

 

Извор: Индекс.хр