Обрегон нов играч на Вардар

Колумбискиот напаѓач Џон Адолфо Куњонез Обрегон потпиша двегодишниот договор со македонскиот фудбалски шампион Вардар.

26-годишниот фудбалер беше на проба меѓу „црвено-црните“ во текот на целиот подготвителен период во Австрија и во Хрватска каде ги исполни очекувањата на стручниот штаб.

– Среќен сум што станав член на Вардар. Од она што можев да го видам низ подготовките, дојдов во одлично организиран тим кој што има високи амбиции и одлични играчи. Јас ќе дадам се од себе да ги исполниме заедно амбициите. Се надевам на добри игри, и на успешни настапи на тимот. Имав доволно време да се запознам со моите нови соиграчи и да се прилагодам на екипата. Веќе се чувствувам како долго да сум дел од Вардар, изјави Обрегон.

Колумбиецот до сега има настапувано во Ла Паз и Национал од Боливија, потоа во мексиканскиот клуб Тибуронес Рохос де Веракруз, во Рахабури на Тајланд, Гуарани од Бразил, во кипарскиот прволигаш Етникос Ахна и во Бојака Чико во Колумбија