Обрван ги пречкрта Ангеловски и Темелков

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Хрватот Ивица Обрван ги пречкрта Бранислав Ангеловски иВладимир Темелков од списокот на ракометари на кои ќе смета на почетокот на подготовките за Европското првенство во Данска. Но, на него се наоѓаат натурализираните Македонци, Ренато Вугринец и Немања Прибак.

На списокот се наоѓаат 21 имиња, од кои 13 од Металург, четворица од Вардар и четворица интернационалци. Тие треба да се појават на првиот собир на 21. декември во хотел „Континентал.

Список на ракометари: Петре Ангелов, (Вардар), Борко Ристовски , Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиески, Златко Мојсовски (Металург),Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски, Ванчо Димовски, Наумче Мојсоски ( Металург), Филип Лазаров ( Вардар). Дејан Пецаковски, Аце Јоноски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски (Металург) , Никола Стојчески (Редбергслид), Немања Прибак (Вардар), Кире Лазаров ( Барселона), Валтко Митков ( Кремс) и Ренато Вугринец ( Металург)