Обрван ги пречкрта Манасков, Векоски и Кимевски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван со 18 ракометари ќе патува во Атина на првиот бараж натпревар против Грција за пласман на Светското првенство во катар наредната година.

Хрватот од списокот ги пречкрта младите Мартин Велкоски, Мартин Манасков и Стефан Кимевски.

„Во Атина ќе патуваме со 18 ракометари. Од оние што тренираа со нас, нема да патуваат младите Мартин Велкоски и Мартин Манасков, како и голманот Кимевски. Тие исто така работеа одлично, но нема да бидат во комбинација за овој меч“, изјави Обрван.

Поради повреда неизвесен е и настапот на пикерот Никола Марковски.

Капитенот Кире Лазаров го одработи последниот тренинг со националниот тим во СРЦ “Кале” пред заминувањето во Атина.