Обрван ги стартува подготивките без Лазаров, Ристовски, Митков и Стојчевски

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ги стартува подготовките за настап на Европскотопрвенство во Данска во 2014 година. Селекторот Ивица Обрван, првата прозивка ќе ја има во 12 часот во хотелот „Континентал”, а уште пред стартото на подгоровките се сочи со голем проблем, откако го загуби Наумче Мојсоски, кој се повреди на дербито со Вардар во рамките на СЕХА Лига.

„Повредата на Наумче е шок за сите нас . Тој е еден од нашите клучни играчи и ќе мораме да продолжиме без него. На подготовките ќе видиме кој ќе може да го замени него. Меѓутоа, нема да биде исто со него и без него во Данска“, изјави Обрван.

На денешниот собир ќе нема четворица репрезентативци кои имаат обврски во своите клубови и ќе дојдат во Пореч, каде ќе се работи првиот дел од подготовите. Тоа се Кире Лазаров, Никола Стојчевски, Влатко Митков и Борко Ристовски.

Репрезентацијата утре рано наутро патува за Пореч, таму ќе биде до 30 декември, а во Трбовлје ќе одигра пријателски меч со Словенија. Потоа на 1 јануари се собира во Скопје и ќе тренира до 11 јануари кога се заминува за Данска. На 3 и 5 јануари Обрван со нашата најдобра селекција ќе има две проверки во Скопје, со репрезентациите на Црна Гора и Србија, и тогаш ќше го дефинира конечниот список за ЕП во Данска.