Обрван го повика на тест Димитриевски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Хрватот Ивица Обрван го повика талентираниот млад ракометар Дарко Димитриевски на подготовките во Охрид на 1 април. За ЕХФ неделата селекторот повика ракометари од екипите на Металург и Вардар и четворица интернационалци.

Од интернационалците повикани се: Борко Ристовски, Кирил Лазаров, Влатко Митков и Дарко Димитриевски. Левиот бек Димитриевски неодамна потпиша во АСОБАЛ лигата и веднаш се наметна меѓу најдобрите клупски стрелци.
Собирот на репрезентацијата е заказхан за 01.04.2014 (Вторник) во Хотел Гарден, Охрид во 12:00 часот.

Список на ракометари: Кирил Лазаров (Барселона), Дарко Димитриевски (Пуеро Сагунто), Борко Ристовски (Ал Ахли), Влатко Митков (Кремс), Никола Митревски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Гоце Георгиевски (Металург), Златко Мојсоски (Металург), Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Дејан Пецаковски (Металург), Аце Јоновски (Металург), Велко Маркоски (Металург) Филип Миркуловски (Металург), Петар Ангелов (Вардар), Филип Лазаров (Вардар), Немања Прибак (Вардар), Стојанче Стоилов (Вардар).