Обрван го продолжува договорот со РФМ – ќе ја води селекцијата на ЕП во Полска

Машката ракометна репрезентација и понатаму ќе игра под командата на Ивица Обрван, кој ја продолжи соработката со Ракометнада федерација на Македонија.

Обрван вчера имаше состанок со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски на кој се договорија неговиот ангажман да добие ново продолжение со траење до јуни 2016, меѓутоа со можност за продолжување. Тоа би значело дека досегашниот селектор ќе ја води Македонија на ЕП во Полска, во јануари 2016, на баражот за СП, кој би се случил идниот јуни, како и евентуалните квалификации и настап на Олимписките игри.

“Задоволни сме со работата на селекторот и на заемно задоволство решивме да ја продолжиме соработката. Се надевам дека ќе донесе нови големи резултати за македонската репрезентација”
, вели Милошевски.

Ивица Обрван дојде на клупата на македонската репрезентација во март 2013 година, кон крајот на квалификацискиот циклус за ЕП во Данска. Оттогаш се пласира во Данска, таму го освои 10-то место, а потоа на СП во Катар ја однесе Македонија до 9-та позиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.