Обрван го соопшти списокот на ракометари кои ќе се појават на подготовките за ЕП 2016

Обрван го соопшти списокот на репрезентативци кои ќе се појават на подготовките за ЕП 2016 во Полска

Од досега стандардниот состав, на скратениот список го нема Наумче Мојсовски кој се уште е без клупски ангажман и голманот на Вардар, Петар Ангелов. Во составот ќе дебитира младиот Филип Кузмановски од Металург, а од новата генерација на списокот се и Филип Талески и Никола Костески.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 2 ноември. Репрезентацијата три дена ќе тренира во Скопје, а од 6 до 8 ноември ќе настапи на “Хепи Кроација Куп” во Умаг на кој ќе игра со селекциите на домаќинот Хрватска и на Црна Гора.

Завршниот дел од подготовките пред настапот на ЕП во Полска, за македонската репрезентација ќе почнат на крајот на декември. Во овој дел од подготовките Македонија ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Словенија, на 4 јануари во Кршко и на 5 јануари во Целје.

На ЕП во Полска што ќе се одржи од 15 до 31 јануари, Македонија е во групата во Краков заедно со селекциите на Франција, Полска и на Србија.

Список на ракометари за првиот собир – голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, крила: Дејан Манасков. Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Никола Костески, пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, бекови: Кирил Лазаров, Никола Митков, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Ацо Јоноски, Филип Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски и Милорад Кукоски.