Спорт

Обрван: Ќе го оставиме срцето на терен

Обрван: Ќе го оставиме срцето на терен

Македонската ракметна репрезентација е подготвена за настапот на Европскаото првенство во Данска (12 -26 јануари). Ракометари во друштво на челниците на ракометнат федерација на Македонија и селекторот Ивица Обрван едногласно порачаа дека ќе го дадат максимумот во обид да се стигне до што подобар пласман на шампионатот.

„Пред стартот на Европското првенство, можам да кажам дека се чувствува мала позитивна трема кај репрезентативците. Веќе петнаесетина дена сме заедно под еден посебен режим, сите заедно едвај чекаме да почне шампионатот, да одиграме најдобро што можеме. Нема да се осврнуваме на проблемите, кои се составен дел од спортот. Можам да кажам дека тие што ќе настапат ќе дадат се од себе, ќе остават срце на терен. Првата цел зацртана пред нас е пласманот во втората рунда, ги почитуваме сите противници, но ние сме добро подготвени и се надевам дека на крајот сите ќе бидеме задоволни од резултатот, изјави Обрван.

Капитенот Кире Лазаров порача дека ракометарите се подготвени за предизвикот и дека на сите натпревари ќе одат на победа

„Во изминатиот период премногу кажавме, разговаравме, анализиравме, околу ЕП 2014. Мислам дека оваа репрезентација има направено многу во последните дваесетина години во македонскиот колективен спорт. Ќе го прифатиме предизвикот, формата ни се движи во нагорна линија, растеме од година во година како што нашите репрезентативци собираат искуство преку настапите во Лигаста на шампионите. Најважно е добро да се фокусираме во оние клучни моменти кога ќе се решаваат натпреварите. Мислам дека без оглед на проблемите со повредите, со квалитетот не заостануваме многу зад ривалите со кои ќе се сретнеме. Народот очекува многу од нас, а ние ќе дадеме се од себе за да ги исполниме сите очекувања“ вели Лазаров.

Во Данска ќе патуваат сите ракометари, иако Немања Прибак е недостапен за првата фаза, а се уште е неизвесно дали подготвен за настап ќе биде Дејан Пецаковски, кој по паузата од десетина дена ги одработел последните два тренинзи.

Ракометарите за Хернинг, каде ќе ги играат натпреварите од групната фаза, патуваат со чартер лет утре во 9.00 часот.