Обрван: Нема калкулации, одиме на победа

Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван нагласи дека иако времето за подготовки пред мечот со Хрватска е многу кратко, сепак во тој дуел ќе се влезе максимално јако и без калкулации.

“Имавме малку време да се подготвиме за овој натпревар, што ќе им го презентираме на играчите пред тренингот. За сите има малку време, недоволно за подготовки, имате еден ден, а пред тоа не можете да се подготвувате за меч од четврто коло. Јас сум горд на ракометарите кои од една многу проблематична ситуација, психолошка и егзистенцијална, по три средби имаат шест бода. Тоа е исклучиво до нивниот карактер, силата која ја поседуваат, дојдовме во убава ситуација да играме за прво место во групата. Мене како селектор ми е желба да играме убаво и да ја искористиме таа наша игра, се разбира и колку што ќе ни дозволи противникот, за да забележиме позитивен резултат. Респектираме со кого играме, ама не се плашиме. Во спортот немаш право да стравуваш: може и да загубиме уверливо, но да одиграме добро. Тоа никогаш не се знае. Нема калкулации, немаме што да изгубиме, мора да дадеме се од себе”
, заврши Обрван.