Обрван: Поразот на Чешка не треба да не опушти

По поразот од Данска на стартот на Европското првенство, логично е погледите целосно да се насочат кон дуелот со Чешка, но македонскиот селектор предупредува дека следниот ривал сигурно ќе се покаже во далеку подобро светло отколку што тоа беше на премиерниот дуел против Австрија.

„Морам да потенцирам дека играта на Чешка на дуелот со Австрија не треба да залаже никого. Точно е дека никој не очекуваше ваков исход. Чесите играа многу добро на силниот турнир во Унгарија и јасно е дека се наоѓаат во добра натпреварувачка форма. Против Австрија им се случи ‘распад на системот’, но тоа не го менува фактот дека станува збор за сериозна репрезентација. Ќе мораме да влеземе во мечот максимално фокусирани и да одиграме најдобро што знаеме ако сакаме да стигнеме до посакуваната победа“, изјави селекторото на македонската репрезентација Ивица Обрван.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.