Обрван потпиша со Шамбери

Тој со Шамбери потпиша договор на две и пол сезони, но како што наведува и самиот Обрван за порталот “Екипа”, тоа воопшто нема да влијае на неговата работа во репрезентацијата на Македонија.

„Не само што не помислував на заминување, туку останувањето на функцијата селектор на Македонија беше еден од условите што ги поставив при преговорите со Шамбери. Останувам најсериозно посветен на работата со македонската репрезентација, со која не очекуваат нови сериозни предизвици на мундијалот во Катар следната година. Раководството на РФМ беше информирано од првиот момент кога Шамбери искажа интерес за мој ангажман. Преселбата во Франција е нов предизвик во мојата тренерска кариера, тоа е шанса што едноставно не смее да се пропушти“.