Спорт

Обрван: Со победа ќе бевме меѓу најдобрите осум во Европа

Обрван: Со победа ќе бевме меѓу најдобрите осум во Европа

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван е задоволен од играта на своите избраници и покрај тоа што загубија од Исланд. Тој истакна дека ракометарите одиграле одличен натпревар, изразувајќи жалење што играта не беше наградено со освојување на барем еден бод.

„За разлика од мечот со Унгарија бевме во подобар ритам, во текот на сите 60 минути имавме шанса за позитивен резултат и затоа им честитам. Во одредени периоди од мечот не бевме доволно дисциплинирани, ако бевме на потребното ниво, можеби ќе стигневме до победата. Ова не се замерки кон некого директно, едноставно се поклопија некои работи кои не ни одеа во прилог. Момците сакаа најдобро, но за највисоки цели треба некои работи требаше да одат во наша полза. Штета за овој меч бидејќи со победа ќе бевме меѓу најдобрите осум во Европа” , изјави Обрван.