Обрван веќе не е селектор на ракометарите

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов рече дека размислувал за смена на селекторската позиција уште по Европското првенство на почетокот на годината.

– Размислував за смена на Обрван уште по Европското првенство, но разговорите со многу луѓе беа пресудни тој да остане со цел да не ги правиме истите грешки како во другите спортови. Одлучивме дека промената во пресрет на квалификациите може негативно да се одрази врз играта. Од денешен аспект може да се каже дека одлуката да не се смени селекторот веднаш по ЕП беше погрешна, изјави Мукаетов.

Новиот селектор ќе биде назначен од тричлената комисија, по распишување на конкурсот на кој ќе се пријават претендентите за предводник на македонските ракометари.