ОБСЕ доби поддршка за патоказите од сите учесници на Женевската средба со Украина

Патоказите за решавање на кризата во Украина на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) доби поддршка од Русија, САД и Европската унија и од владата во Киев, соопшти организацијата, пренесува МИА.

Претседателот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидие Брукхалтер изминатите денови одржа консултации на високо ниво за патоказите со четири страни, потписнички на Женевската спогодба од 17 април и доби позитивен одговор од Украина, Русија, САД и ЕУ, се додава во соопштението.

ОБСЕ напомена дека документот предложен од швајцарското претседателство треба да помогне за излегување од кризата и за намалување на тензиите во Украина.

Патоказите се засноваат на четири начела, откажување од насилство, разоружување, национален дијалог и одржување на претседателските избори на 25 мај.