ОБСЕ ги осуди нападите врз новинари во Црна Гора

Шефицата на мисијата ОБСЕ во Подгорица, Јанина Хребичкова, изјавила дека нападот врз новинарите го загрозува демократскиот напредок на Црна Гора.

Таа истакнала дека неречените случаи на напади на новинари и врз сопственоста на медиумските куќи во Црна Гора е клучното подрачје на загриженост на ОБСЕ.

Хербичкова потсетила дека организацијата остро го осудува неодамнешниот напад со експлозивна направа врз редакцијата на „Вјести“, како и претепувањето на дописничката Лидија Никичевиќ од весникот „Дан“, од Никчиќ.

„Тие напади неспорно бараат неодложна и темелна истрага, за да се откријат шт попрзо сторителите на злосторството“, рекла таа.

Хербечкова додала дека ОБСЕ ќе продолжи да апелира до црногорските власти да се занимаваат со тоа прашање, како и до сега.

„Не постои оправдување за напад на новинари. Такви случаи го загрозуваат демократскиот напредок и произведуваат ефект на застрашување на слободата на медиумите, но влијаат и на вкупнното цувство на безбедност“, истакнала таа.