Свет

ОБСЕ: Изборите во Украина фер и демократски

ОБСЕ: Изборите во Украина фер и демократски

Предвремените парламентарни избори во Украина беа демократски, транспарентни и добро организирани, изјави денеска претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Илка Канерва.

– Ги поздравувам властите и граѓаните на Украина за добро организираните, транспарентни избори, што се одржаа во мирна атмосфера. Набљудувачите од ОБСЕ присуствуваа на изборите, кои во целина одговараа на демократските стандарди на земјата, која и натаму се наоѓа под притисокот на кризата, посочи Канерва.

Според него, како што јави ТАСС, Украина сега „треба да изврши огромна преобразба за да го заземе своето место меѓу европските нации“.