ОБСЕ: Македонија напредува во демократијата веќе 10 години

Специјалниот координатор на набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристин Мутонен  од Австрија денеска посочи дека Македонија постигнува напредок во демократијата веќе 10 години.

„Сакам да кажам дека оваа земја оствари значителен  демократски напредок во последниве 10 години, во контекст на постојаната и постапна меѓународна интеграција. Овој процес на демократски реформи, се’ уште не е завршен и мора да продолжи“, истакна Мутонен.

Генералнта оценка на ОБСЕ/ОДИХР е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин, со само некои технички нерегуларности. Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здржување биле почитувани.