ОБСЕ: На Украина и се случува хуманитарна катастрофа

Претседателот на Постојаниот совет на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), Томас Гремингер предупреди на опасност од хуманитарна катастрофа во Источна Украина и закана кризата да прерасне во „замрзнат конфликт“.

– Има недостиг на лекови и медицински персонал. Греењето и снабдувањето со електрична енергија не е гарантирано, а домовите се делумно оштетени од борбите, изјави Гремингер, кој до крајот на годината претседава со извршното тело на ОБСЕ.

Според него очигледно е дека муниција и други воени материјали се доставуваат во Источна Украина, бидејќи на друг начин сепаратистите не би можеле да водат повеќемесечни жестоки артилериски борби.

Русија, од друга страна, тврди дека сепаратистите муницијата и оружјето ги имаат запленето од украинската армија во Источна Украина.

Според него, моменталната состојба покажува реална опасност конфилктот да прерасен во „замрзнат конфликт“.