ОБСЕ/ОДИХР: Демократијата во Македонија напредува, изборите спроведени во мирна и пријатна атмосфера

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очекуваше поддршка од меѓународниот фактор за нивното сценарио за непризнавање на изборните резултати, но наместо тоа, доби вистинска шлаканица од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Меѓународните претставници кои ги набљудуваат предвремените парламентарни избори и вториот круг од претседателските избори во Македонија денеска прес-конференција оценија дека изборите се спроведени во мирна атмосфера.

Меѓународните претставници на прес-конференцијата констатираа дека во Европа немаат сретнато случај на непризнавање на резултатите и ја повикаа опозицијата на конструктивност за да може да се формира Владата и да почне новиот мандат.

Од ОБСЕ/ОДИХР констатираа дека атмосферата на изборниот ден била многу пријатна, дека демократијата е подбрена, но потребно е уште да се работи на нејзино подобрување.