Македонија

Обучени 776 лица со инвалидност за работа во државна администрација

Обучени 776 лица со инвалидност за работа во државна администрација

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, присуствуваа на доделувањето на сертификатите на обучени лица во рамки на Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“.

„Во периодот од октомври до декември беа спроведувани низа на обуки односно беа обучени 776 вработени во државната и јавната администрација и во институциите на системот од вкупно 269 институции во насока на надминување на бариерите со кои што се соочуваат лицата со инвалидност, олеснување на нивната комуникација со државните служби за олеснување на постапките за остварување на нивните права и обврски кои што ги имаат во државните и јавните институции.Самиот проект помогна во обука на овие 776 вработени во институциите во насока на препознавање на лицата на инвалдност, надминување на бариерите и стереотипите со коишто се соочуваат, олеснување на постапките и помош на лицата со инвалидност во остварување на нивните права“. изјави Спасов.

10990806_380246838829600_337360731336570494_n

Тој истакна дека ова е уште еден проект од Програмата на Владата на Р.М, од кој што е насочен кон помош на најранливите категотрии на граѓани за ослеснување на нивната состојба за надминување на бариерите со кои што се соочуваат меѓутоа и за помош кон остварување на нивните права.