Македонија

Обука за детекција на украдени возила

Обука за детекција на украдени возила

Во организација на амбасадата на Република Франција во Република Македонија, минатата недела од 3-ти до 07-ми ноември беше реализирана обука наменета за 16 полициски службеници пропадници на: секторот за гранична полиција, сектор за сериозен криминал, секторот за крим техника и регионалните СВР.

Како што информираат од МВР, обуката ја реализираше еден француски експерт, специјалист во доменот на украдени возила, припадник на француската национална полиција и Париската Префектура, раководител на единицата за разбојништво. Обуката беше реализирана во центарот за обука на полицијата во Идризиво.

– Целта на обуката беше да се прикажат најновите техники коишто ги употребува француската полиција во доменот на детекција на украдени и преправани возила, техничка идентификација, следење и набљудување на такви возила, употреба на електронски помагала и геолокализација, запирање и апсење на сторители, стои во соопштението од МВР.

Оваа плодна соработка и меѓусебна размена на искуства се заврши со финална демонстрација на техниките и доделување на дипломи од страна на амбасадор на Франција во земјава Лоренс Оер и високи претставници од македонското министерство за внатрешни работи.