Обука за кандидатите за пилоти на полициски хеликоптер

AIR Screening, селекција во воздух со првата група кандидати за прием на пилоти на полициски хеликоптер денеска се одржува во Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

На настанот ќе присуствува министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.